Vesna Besiç
03 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
ПУНТА ДЕЛ ЕСТЕ (АА) - Во уругвајскиот град Пунта дел Есте започна фестивалот „Лемања“, кој се одржува во чест на Лемања, божицата на водата, јавува Anadolu Agency (AA).
Оние што веруваат во култот Умбанда, инаку мошне популарен во цела Јужна Америка, како и голем број туристи го обележаа фестивалот оставајќи во океанот цвеќиња и други подароци.
Некои во океанот фрлаа и овошје. Божицата на водата во оваа област се чествува со голема љубов, а граѓаните во вечерните часови се собираат на плажата, облечени во бело и во придружба на тапани и танц ја слават Лемања.
Објективот на фоторепортерот на АА го забележа славењето на фестивалот на брегот на Пунта дел Есте.