Adem Şalvarcıoğlu
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
КУАЛА ЛУМПУР (AA) - Околу 1,5 милиони хиндуси се собраа во Малезија за да го прослават празникот Тајпусам, јавува Anadolu Agency (AA).
Малезиските хиндуси се собраа во пештерата Бату во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, во најголемиот хиндуски храм во светот, за да го прослават празникот Тајпусам.
Празникот Тајпусам, кој се слави во јануари-февруари, е еден од најважните денови во хинду-верувањето. Во чест на „богот на војната“, Муруган се одржаа демонстрации на издржливост.
Хиндусите веруваат дека колку повеќе можат да ја издржат болката, толку се поблиску до боговите. Тие танцуваа со симболи на хиндуизмот кои тежеа до 20 килограми.
Како дел од активностите, хиндусите пешачеа околу 3 километри до пештерата Бату, и се искачуваа по 272 стрмни скали за да стигнат до пештерата.
Пештерата Бату е едно од светите места на хиндускиот свет, бидејќи во него се наоѓа статуата на Муруган на височина од 42 метри.
Тајпусам се слави како официјален празник во Малезија, во која живеат 6,3 проценти хиндуси.