Elena Trenchevska Chekovic
09 Ноември 2025•Ажурирај: 10 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Жителите и посетителите на градот Кастелон во Шпанија го одбележаа фестивалот „Корефок“ со разни перформанси, јавува Анадолу.
За време на фестивалот во средновековното гратче Морела, учесниците облечени како демони палеа оган, танцувајќи околу него.
Повеќе од 200 учесници од седум групи учествуваа на 10-тиот „Тробада де Димонис“ (Собир на демони) што се одржа низ улиците на Морела, во Кастелон. Групи од Арагон, Каталонија, Валенсија и Балеарските Острови маршираа низ улиците фрлајќи оган и пиротехнички срества.
Традицијата на „Корефок“ датира од средновековните поворки на „Корпус Кристи“, симболизирајќи ја вечната борба помеѓу доброто и злото.