Meltem Bulur
09 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе биде губитничката страна поради повлекувањето од меѓународниот Договор за иранското нуклеарно прашање, бидејќи не останаа доследни на веќе постигнатиот договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган разговараше со новинарката на CNN (Си-ен-ен), Беки Андерсон, а утрово е објавен првиот дел од интервјуто кое се однесува на синоќешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, за едностраното повлекување на САД од договорот за иранскиот Нуклеарен договор.
„Тој договор ги промени тековите и даде надеж за надминување на овој повеќегодишен спор. Сега одеднаш сè се сврте во спротивна насока и тоа ќе се одрази врз глобалната, а така и врз турската економија“, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека новата ситуација може да донесе одредена корист на САД, но негативно да влијае и да вознемири многу држави, Ердоган изјави дека не треба да се отвораат нови кризи во светот.
„Кога нешто се потпишува, тогаш до тоа треба и да се придржувате. Меѓународните договори не може да се раскинуваат и склучуваат кога ќе посакате“, заклучи Ердоган.
Интервјуто со турскиот претседател Ердоган во целост ќе биде објавено вечерва.