Besar Ademi
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во ЕУ Инфо-центаро во Скопје денеска беа промовирани целите и активностите на проектот "Граѓанско учество во локалната демократија", кој е финансиран од Европската Унија, а ќе се спроведува од Фондацијата Отворено општество - Македонија и Центарот за развој локалната демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот, кој се очекува да се реализира во периодот јануари 2016 - јули 2017 година има за цел да му помогне на граѓанското општество во неговиот континуиран демократски развој, поконкретно граѓанските организации кои работат во областа на културата во општините Центар од Град Скопје, Струга и Струмица.
Раководителот на проектот од ФООМ, Јулијана Kараи рече дека во рамките на проектот ќе се подготват стратегии за областа на културата и акциони планови за имплементацијата на овој проект. Таа додаде дека во иднина граѓанските организации ќе бидат повикани да учествуваат во овие процеси, на кои ќе им бидат доделени грантови од 9.500 до 10.000 евра, со цел да се зајакнат нивните капацитети.
„Овој проект има за цел да им овозможи активно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики во областа на културата и учество во реализацијата на истите, со оглед дека граѓанските организации се важни алки на демократијата и сето ова придонесува за подобар квалитет на граѓанските услуги", рече Караи.
Очекуваните резултати се дека локалните власти и јавните институции на општините каде што ќе се спроведува проектот да ја препознаат важноста на граѓанските здруженија во подобрување на владеењето преку вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки и развој на локалните културни политики.