Ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање пред присутните на доделувањето на Меѓународните награди за добрина, што се одржаа во Конгресната сала Халич во Истанбул, истакна дека сите овие случувања се одраз на развојот на исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите овие случувања што ги видовме последниве денови, се сосема јасна манифестација на развојот на исламофобијата. Западот, последниве неколку дена, многу отворено и јасно го откри своето вистинско лице“.
Претседателот Ердоган понатаму истанка: „Излегло едно лице и вели: ‘Турците ќе го напуштат ова место...’ Нема да го напуштат! Тие веќе се државјани на тоа место, нема да го напуштат. Случајот ќе се развива и ќе се прошири. Тие ќе ја платат цената за ова, жал ми е но ќе платат и ќе научат што е тоа дипломатија. Ќе научат и што е меѓународна дипломатија“. Во однос на растечкиот расизам во Европа турскиот претседател истакна: „Видете, Европа делува расистички! Каков е овој расизам? Каква е оваа дискриминација? Европска Унијо (ЕУ), каде си? И после, им пречи кога Реџеп Таип Ергодан ја напаѓа ЕУ. Ќе ви биде непријатно“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Холандија, доколку ги жртвуваш односите меѓу Турција и Холандија, поради изборите што ќе се одржат во среда, тогаш ќе ја платиш цената за тоа“, истакна Ердоган.
Во своето обраќање турскиот претседател додаде: „Уште од самиот почеток на овие настани реков дека ова е нивен фашистички притисок. Реков ‘нацизмот повторно се роди’. И ги додадов зборовите: ‘Јас мислев дека завршило со нацизмот, но сум бил во заблуда. Очигледно нацизмот се издигнал на Западот. Господата биле навредени. Сега прашувам, како ќе ѝ биде раскажано на меѓународната дипломатија и на светот, синоќешното однесување и спречувањето на една дама, наша министерка за семејство и социјална политика, Бетул Фатма Сајан, да влезе во зградата на турското конзуларно претставништво со дипломатско возило, заедно со заменик-амбасадорот?’. Вака ли ќе раскажат? - ‘Ние не ја поканивме’, Од каде се појави сега таа? Ако имам пасош можам да одам во секоја држава на каков било начин. Можам да одам и во склоп на меѓународната слобода за патување, можам да одам и како дипломат, од каде произлезе оваа практика? Но кога постои нацизам, кога постои фашизам, со менталитетот: ‘Јас што ќе кажам, тоа е вистина, јас што ќе направам, тоа е точно, кому сакам ќе му дозволам, на кого не сакам, нема да му дозволам’, отидоа премногу напред, затварајќи ги вратите на конзуларното претставништво и недозволувајќи од конзулатот да излезе нашиот конзул“, истакна Ердоган во обраќањето во Истанбул.
Холандските власти вчера го спречија министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Каја, да ги посетат своите дипломатски претставништва на таа земја и можноста да се сретнат со турската заедница во Холандија. Со полициска придружба, министерката Каја беше вратена во Германија, од каде што утрово пристигна во Турција.
Турското Министерство за надворешни работи го осуди актот на спречување на посетата и од амбасадорот на Холандија во таа земја, кој моментално е на одмор, побара извесен период да не се враќа на својата должност во Анкара. Забранет е влез и излез од амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул поради безбедносни причини.