Bekim Laci
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во среда, 11 јули, на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, Македонија ќе добие покана за влез во Северноатлантската алијанса, соопшти на брифингот со новинарите Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, придружен од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката Шеќеринска изјави за новинарите дека Македонија е пред историска шанса да ја поправи грешката од пред 10 години, од Самитот на НАТО во Букурешт, кога ѝ беше одбиено членството, бидејќи, како што рече, Македонија ја чинело тоа што остана надвор од Алијансата, особено на внатрешен план, бидејќи земјата се соочила со институционална и политичка криза.
Таа нагласи дека се надева оти опозицијата ќе делува конструктивно со изборот на членовите на Државната изборна комисија (ДИК), која ќе треба да го организира референдумот за договорот со Грција, бидејќи, како што рече, членството во НАТО е определба и на опозицијата, која отсекогаш се повикувала на референдум за прашањето за името.
Шекеринска додаде дека моментот е историски, бидејќи дури и во Грција има парламентарно мнозинство кое го поддржува договорот за прашањето за името.
Од друга страна, Пендаровски објасни дека текстот кој Македонија ќе го добие во поканата за членство на 11 јули нема да се разликува од тие на Албанија и Црна Гора, во која се наведува дека „НАТО ја повикува државата да ги отвори преговорите за членство”, за што подоцна, владата ќе мора да одговори дека земјата е подготвена да се приклучи на НАТО.
Според него, поканата е важен момент, по што следи последната фаза, односно нејзината ратификација од страна на парламентите на земјите-членки на НАТО, но „во меѓувреме, ќе мора да ги исполниме домашните задачи, кои се успешниот референдум и уставните измени”, рече Пендаровски.
Министерката за одбрана Шекеринска не очекува дополнителни блокади, со образложение дека за добиење покана за членство, државата аспирант ќе мора да има согласност од сите 29 земји-членки на НАТО, кои во овој случај Македонија го има.