Çiğdem Alyanak
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го скандалот во Ротердам, му порача на премиерот на Холандија, Марк Руте, да научи што е тоа демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој господин таму во Холандија вели 'ние сме шефови на оваа земја'. Долу ставија прешкртана фотографија на овој смртник. Јас и онака не сум шеф. Шефот во мојата земја е народот. Народот Руте, ти се уште ја немаш разбрано демократијата. Според мене, ти би требало да ја научиш демократијата. Ниеден премиер не може да биде шеф. Народот е шеф во тие земји, во демократиите. Да се рече: 'јас сум шеф' е непочитување кон народот. Кај овие и онака нема почитување", порача Ердоган за време на гостувањео на „А Хабер-АТВ “.
Тој запраша како по сè она што се случи премиерот на Холандија ќе заѕвони на вратата на Турција?
„Како, после ова ќе заѕвоните на вратата на Турција? Додека се вратиме во Анкара, ќе седнеме со премиерот и ќе зборуваме за сето ова. Секако ќе го преземеме сето она што го наложуваат дипломатските санкции“, рече Ердоган.
Тој напомена дека одредени земји од Европската Унија (ЕУ) не можат да го поднесат напредокот што го бележи Турција.
„Одредени земји членки на Европската Унија, не треба сите да ги ставаме во иста кошница, за жал не можат да го поднесат напредокот на Турција. За жал, на прво место е Германија. Германија на многу безмилосен начин пружа поддршка на тероризмот", изјави турскиот претседател.
Тој истакна дека овие земји со ваквите ставови го покажуваат вистинското лице на Западот.
„Тие го покажуваат вистинското лице на Западот. Ние не сакавме да ги видиме во тоа светло. Германската канцеларка застана на страната на Холандија. Засрамота. Значи и вие исто размислувате", рече Ердоган.
На крајот нагласи дека во споменатите европски земји не се грижат за Виенската конвенција за дипломатски односи.
„Тие не се грижат за Виенската конвенција. Сето тоа го фрлија под нозе. Нивната Виенска конвенција е фашизмот, нацизмот, ова можеме да го наречеме неонацизам“, рече претседателот на Турција.
Холандските власти спречија во саботата министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Каја да ги посетат дипломатските претставништва на Турција во Холандија, и да се сретнат со припадниците на турската заедница. Во придружба на полицијата, министерката Каја е испратена во Германија, од каде во неделата се врати во Турција.
Министерството за надворешни работи на Турција го осуди спречувањето на посетите на нивните дипломати и побара амбасадорот на Кралството Холандија, кој во моментов е на одмор, извесно време да не се враќа на должност во Анкара.
Холандската полиција во саботата со употреба на сила ги растера насобраните граѓани кои протестираа против задржувањето на возилата министерката Каја.