Hakan Çopur
17 Јануари 2019•Ажурирај: 18 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Високи претставници на Белата куќа истакнаа дека нема некое отстапување од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на американскиот тв-канал „Си-ен-ен“ (CNN), врз основа на изјавите на одредени високи претставници на Белата куќа, кои сакаа да останат анонимни, укажано е на актуелната состојба во врска со одлуката на Трамп за Сирија.
Се говори околу тоа каков ќе биде ставот на администрацијата на Трамп по бомбашниот напад извршен вчера во подрачјето на Мунбич кое е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Одредени високи претставници дадоа изјави за новинарите на „Си-ен-ен“ во Белата куќа, истакнувајќи дека досега нема некое отстапување од одлуката на Трамп за повлекување на војниците од Сирија, и дека внимателно го следат процесот.