Nazlı Yüzbaşıoğlu,Meltem Bulur
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на еден информативен телевизиски канал одговараше на поставените прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за впечатоците по реализираната посета во Турција во врска со обидот за државен удар на ФЕТО, Столтенберг рече: „Овој обид за државен удар претставува траума за демократијата на Турција. Ова не е напад само врз тамошната влада, туку и напад врз демократските институции, НАТО и многу други организации“. Тој посочи дека веднаш по обидот за државен удар разговарал со Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и дека го осудил овој обид, истакнувајќи дека НАТО се солидаризира со Турција.
„Силен впечаток ми остави спротивставувањето на турскиот народ против пучот, излегувањето на улиците и одбраната на демократијата. Во овие тешки денови, НАТО целосно се солидаризира со Турција“, изјави Столтенберг.
- „Турција е еден од најважните сојузници на НАТО“ –
На прашањето: „По обидот за државен удар, во западните медиуми се разбудија одредени сомнежи во врска со членството на Туција во НАТО. Дали и вие се согласувате со овие сомнежи?“ Столтенберг одговори: „Не, никако не се согласувам. Турција е еден од најважните сојузници на НАТО, особено ова сојузништво продолжува во источните региони. Турција е сериозно важен сојузник меѓу сите сојузници на НАТО и ние ја имаме предвид посветеноста на Турција кон НАТО“.
- „Ние сме покрај Турција“ -
Столтенберг пренесе дека со претседателот Ердоган имал многу ефикасна средба и дека присуството на НАТО во Турција ја зголеми поддршката, од аспект на воздушна поддршка, и од аспект на набљудувачките летови. Исто така, тој истакна дека по тоа прашање, НАТО продолжува да ги поттикнува сите свои сојузници.
Потсетувајќи на поставениот антиракетен систем во Турција од страна на НАТО, со цел да ја заштитат од можните ризици и напади од сириска страна, Столтенберг рече: „НАТО се наоѓа во Турција и ние сме покрај Турција. Правиме сѐ што е во наши раце за да го заштитиме нашиот ценет сојузник“.
- „Го зголемивме нивото на соработка во Егејското Море“ –
Во врска со операциите на НАТО во последните шест месeци во Егејското Море, за попречување на илегалните бегалци, Столтенберг рече:
„Многу беше важно да се контролира илегалната трговија со луѓе или киднапрањето со нелегални методи. Турција и Грција заедно вложија големи напори за да може ова да се стави под контрола. Беше направена координација и соработка меѓу сојузникот на НАТО, Турција, со членка на ЕУ, Грција. На тој начин го зголемивме нивото на соработка во Егејското Море. Оваа соработка беше од голема корист и за ЕУ, и за Турцијао и за Грција“.