Can Erözden
24 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од април ќе понуди непречена интернет-врска за време на своите летови, соопшти денес националниот авиопревозник, јавува Anadolu Agency (AA).
Преку апликацијата наречена eXPhone, патниците на авионите „боинг 777“ и „ербас 330“ ќе бидат во можност да ги проверуваат своите имејл-адреси, да ги ажурираат своите налози на социјалните мрежи и да праќаат и да примаат пораки.
Апликацијата ќе биде достапна откако авионот ќе полета.
На патниците ќе им биде наплатено за употребата на апликацијата eXPhone според тарифите за роаминг на соодветниот оператор за услуги.