Enes Kaplan
23 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во четврток изјави дека турскиот народ со своето однесување во текот на обидот за државен удар во Турција на 15 јули им одржа важна лекција на сите во светот кои се обидуваат со насилство да дојдат на власт, јавува Anadolu Agency (AA).
„Таа ноќ, на 15 јули, турскиот народ им одржа важна лекција не само на тајните сили во нашата земја, туку на секого во светот кој се обидува со насилство и оружје да дојде на власт", истакна Ердоган.
Се осврна и на односите со САД, нагласувајќи дека пред три дена САД повторно со авион достави оружје во Кобани.
„Пред три дена Америка во Кобани достави полн авион оружје. Нека извини, но вчера и на господин Бајден му реков: 'Дали знаеш ти за тоа?' Ми одговори: „Не знам", а јас на тоа му реков дека јас знам. Имавме сличен случај претходно. Тогаш во Кобане спуштија три авиони. Половина оружје заврши во рацете на ДАЕШ, а половина во ПЈД. Ваква тажна слика имаме таму. Затоа, ние треа на ова поднебје проблемите да ги решиме со здрава соработка со САД", рече Ердоган.
Во текот на својот говор, претседателот Ердоган им одговори и на оние кои тврдат дека во Турција е распространет антиамериканизмот.
„Извинете, тоа е волја на нашиот народ. Зошто? Па, доколку сега, додека во својата земја му пружате засолниште на овој терорист (Фетулах Ѓулен), мојот народ на референдум би го пашале за нивно мислење за Америка, верувам дека најмалку 90 отсто од нив би одговориле додека Америка него го крие и го поддржува таму, нашата доверба кон таа земја е значително намалена", рече Ердоган.
На крајот истакна дека елементите на терористичката организација ФЕТО во САД, посебно во рамките на Конгресот, ќе се впуштат во жестока кампања против дискредитација на Турција.
„Јасно е дека елементите на ФЕТО во САД, посебно во рамките на Конгресот, ќе се впуштат во жестока кампања на дискредитирање на Турција. Таму некои од приврзаниците на ФЕТО можат да држат говори. Замислете ние на некого кој непријателски е расположен кон Америка да му дозволиме да зборува во нашиот парламент. Како на тоа би гледала американската администрација. Сигурно дека не би била воодушевена од тоа", рече Ердоган.