Mümin Altaş
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Советот за национална безбедност (МГК) соопшти дека Турција нема да дозволи формирање терористички коридор покрај нејзината граница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција нема да дозволи формирање терористички коридор покрај нејзините граници, ниту формирање терористичка армија, и сите потребни мерки на претпазливост ќе бидат преземени во врска со тоа", се вели во соопштението по состанокот на Националниот совет за безбедност.
Се наведува дека и без одлагање мора да се повлече оружјето, орудјето и возилата претходно доставените до терористичката организација ПЈД/ПКК/ЈПГ во Сирија.
„Изразено е жалење поради тоа што, во моментите кога нашата земја е изложена на отворени закани за терористичка организација, еден наш сојузник во рамките на НАТО, како и во билатералните односи, терористите ги прогласи за партнери и ги вооружува, без да се земе во предвид прашањето за нашата безбедност. Силно е нагласено дека без одлагање мора да се повлече оружјето, орудјето и возилата кои претходно се доставени до терористичката организација ПЈД/ПКК/ЈПГ поради тоа што активната борба против ДЕАШ во Сирија во голема мера е завршена", се додава во соопштението.
На крајот уште се наедува дека без одложување ќе бидат превземени неопходните чекори за да се отстранат заканите за Турција што доаѓаат од Западот на Сирија.