Didar Yüsra Dilruba Öz
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска сooпшти дека вкупно 44 терористи на ДЕАШ се убиени, а 117 се ранети во северниот сириски град Ал Баб за време на тековната операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на Турските вооружени сили се вели дека вкупно 154 позиции на ДЕАШ, вклучително и возило со оружје, биле уништени како дел од операцијата.
Војската додава дека седум припадници на Умерената сириска опозиција се повредени во судирите со терористите на ДЕАШ.
Турската војска им дава поддршка на борците од Умерената сириска опозиција во ослободувањето на Ал Баб од терористичката група, инаку стратешки град за ДЕАШ. Денес е 127. ден од опколувањето на градот со цел негово ослободување.
Офанзивата е дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, предводена од Турција. Таа започна кон крајот на август, со цел да се зајакне безбедноста, да се поддржат коалициските сили и елиминирање на терористичките закани долж турската граница, како и поддршка на силите на Умерената сириска армија.
Од започнувањето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турските тимови деминираа 2.392 рачно изработени експлозивни направи и 42 мини во областите расчистени од ДЕАШ.