Sinan Uslu
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција, во рамките на офанзивата Штитот на Еуфрат на северниот дел на Сирија, извршија напади на 12 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, и истите ги неутрализираа, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат” започна на 24 август во северниот дел на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ, и јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Генералштбот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа, на 95. ден од офанзивата, продолжени се нападите врз терористичките упоришта.
За време на последните напади на сириските опозициски сили, потпомогнати од вооружените сили на Турција, воспоставија контрола над местото Анифа Мескун.
Турските сили исто така на северниот дел од Сирија извршија напади и во потполност неутрализираа 12 упоришта на терористичката организација ДЕАШ.