Aldıjana Hadzıc
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Во Санкт Петербург денес се одржа воена парада по повод Денот на руската морнарица, јавува Anadolu Agency (AA).
На парадата присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Освен морнарицата, на парадата беше претставена и авијацијата, стратешкиот бомбардер Tupolev TU-95 MS и повеќенаменскиот ловец-бомбардер Sukhoi Su-30 SM.
Руските медиуми објавија дека Министерството за одбрана претходно соопштило оти на парада таво Санкт Петербург, за првпат во историјата, ќе присуствуваат повеќе од 5.000 морнари од Балтичката, Северната и Црноморската флота, како и касписката флотила.
Во парадата учествуваа околу 50 бродови и подморници, додека пак 40 авиони и хеликоптери на поморското воздухопловство летаа над градот.
Претходно медиумите објавија дека на овогодинешната парада во Санкт Петербург учествуваат околу десет бродови и други пловни објекти од Северната флота на Русија, вклучувајќи ја и подморницата Дмитриј Донски.
Првата руска морнарица со декрет на царот Петар I е основана во 1696 година.