Eshat Fırat
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас најави дека наскоро ќе ги објави деталите за убиството и за убиецот на палестинскиот лидер Јасер Арафат, кој почина пред 12 години под сомнителни околности, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинското движење Хамас денес во Рамала организираше одбележување на 12. годишнината од смртта на Арафат, а во обраќањето пред присутните, актуелниот палестински претседател Абас истакна дека истрагата за сомнителната смрт на Арафат и понатаму трае.
„Ако мене ме прашате, јас добро знам кој е неговиот убиец. Меѓутоа, моето сведоштво не е доволно за објавување на идентитетот на убиецот. Истражната комисија мора да ги утврди сите детали. Во најкраток временски период ќе објавиме кои се убијците и сторителите, а сите ќе бидете вчудоневидени од резултатот на истрагата”, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Истакнувајќи дека Палестинската ослободителна организација е единствен претставник на палестинскиот народ, Абас изјави дека таа организација е посветена на одбраната на сите палестински вредности и воспоставувањето на палестинска држава.
„Подготвени сме за обновување на палестинско-израелските мировни преговори, ние и понатаму ја пружаме раката на мирот”, порача Абас и додаде дека палестинската страна никогаш нема да се откаже од целта на воспоставување палестинска држава со главен град Источен Ерусалим, и дека никогаш нема да прифати подигање на илегални еврејски населби на палестинската земја.
Палестинскиот лидер, Јасер Арафат, почина на 11 октомври 2004 година во воената болница „Перси“ во Париз во којашто беше хоспитализиран. Неговата сопруга Суха Арафат ја предаде неговата облека на анализа во лабароторија во Лозана, Швајцарија.
Постапката беше водена во Париз, а гробот на Арафат беше ескхумиран поради истрагата.
Со истрагата е утврдено дека на неговата облека имало голема количина радиоактивен полониум, но не може со сигурност да се утврди дали тоа било единствена причина за неговата смрт.