Mohammad Fahim Abed
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку десетина полицајци се убиени, додека спиеле на контролен пункт во областа Урузган, во централниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (АА).
Гувернерот на Цинарт, кој е поврзан со Урузган, Фаиз Мухамед, рече дека еден од полициските службеници соработувал со талибанците и дека тој им дал апчиња за спиење на своите колеги кои биле со него на стража на контролниот пункт. Откако полицајците заспале, ги информирал талибанците кои ги убиле.
Мухамад истакнал дека талибанците зеле оружје, муниција и воени возила и побегнале од местото на настанот. Талибанците ја презедоа одговорноста за инцидентот, а истрагата е во тек.