Sebahatdin Zeyrek
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
ДЕНИЗЛИ (АА) - Гувернерот на турската област Денизли, Хасан Карахан, соопшти дека во местото Башкарџи паднал авион, и дека на местото на несреќата се упатени надлежните спасувачки екипи, јавува Anadolu Agency (AA).
Карахан за АА изјави дека станува збор за авион за обука на пилоти, кој се урнал по полетувањето од аеродромот „Ајдин Чилдир“.
Тој истакна дека во леталото имало две лица и дека на терен се упатени надлежните спасувачки служби.
„Сè уште е рано да се говори за причините за несреќата. Не знаеме дали несреќата се случила поради временските услови или поради технички дефект. Надлежните служби се на терен и се обидуваат да стигнат до местото на несреќата“, рече Карахан.