Besar Ademi
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници албански граѓани од Скопје почнувајќи од Бит Пазар па сè до зградата на Собранието на Република Македонија го изразија својот револт, како што велат, за неправдата и дискриминацијата на Албанците во Македонија во последните 25 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според демонстрантите, предводени од мали политички партии во земјата, Албанците имаат повеќе причини да протестираат против владејачката коалиција, бидејќи како што нагласија, повеќе неправди во оваа земја се направени кон Албанците.
Претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села, истакна дека овие протести се само почеток на многу долг пат на Албанците кој ќе го изодат за подобра иднина.
"Албанците денеска протеситраат за да му кажат не на ова зло, кое со децении работи врз грбот на Албанците. Албанците треба да ја вратат демократијата, но вистинската демократија, не оваа што владее 25 години", рече Села.
Претседателот на НДП, Весел Мемеди, рече дека денеска е моментот заеднички да се дефинира нова држава и да се потпише нов договор со кој нема да бидат дискриминирани Албанците.
"Ние сакаме бинационална држава меѓу Албанците и Македонците. Сега, еднаш и засекогаш ќе изградиме заедничка држава основана од сите народи кои живеат во Македонија кои ќе бидат еднакви", истакна Мемеди.
Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите, во последните десет дена предизвика протести на улиците во Скопје и другите градови. Лидерот Зеадин Села, рече дека ќе ги поддржи протестите на Граѓанската иницијатива „Протестирам”, само ако тие бидат двојазични.