Selen Temizer,Ersen Akyıldız
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
АНКАРА (AA) - Терориситчките организации со нападите кои ги организираат од европските градови па се до Пакистан, го потресуваат целиот свет. Стручњаците за борба против тероризмот укажуваат на глобалната закана од тероризмот кој го покажа лицето не само во Париз и Брисел, туку и во Анкара и Лахоре, во Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Стручњаците укажаа на тоа дека терористичките напади не се разликуваат еден од друг и дека земјите од целиот свет обединето треба да се борат против тероризмот. Според податоците на органицацијата при Министерството за внатрешна безбедност на САД во 2014 година, 32.700 лица ширум светот беа жртви на тероризмот, додека таа бројка година дена порано беше двојно помала.
- Африка на мета на Боко Харам -
Во последните 15 години како последица на тероризмот страдањето на луѓето е поголемо за 29.000 во однос на периодот од деценија и пол кој претходеше. Посебно влијание во Африка има терористичката организација Боко Харам, додека на Блискиот исток и Европа тоа е терористичката организација ДАЕШ.
По терористичкиот напад на 11 септември 2000 година во САД, страшното лице на тероризмот го го виде и Европа.
Во неколку координирани терористички напади на 13 ноември 2015 година загинаа 130 лица.
На почетокот на 2016 година, во терористичките напади на 12 јануари и 19 март во Истанбул загинаа вкупно 18 лица, на 17 февруари и 13 март во Анкара страдаа 62, 22 март во Брисел 34, на 25 март во Ирак 32, на 27 март во Пакистан 72 лица.
Терористичката организација Боко Харам основана е 2002 година, а мета на нејзините напади често се цивили во земјите како што се Нигерија, Камерун, Нигер и Чад. Оваа организација организира и различни грабнувања на цивили меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.
Различните извори наведуваат дека Боко Карам од 2009 година уби повеќе од 20.000 луѓе
- На Блискиот исток Ал Каеда, ДАЕШ и ПКК
Ал-Каеда во различни напади како што се 2004 година во Мадрид и 2005 година во Лондон усмрти вкупно 254 лица.
Јеменскиот огранок на Ал-Каеда презеде одговорност за напад на 7 јанаури 2015 година на редакцијата на весникот Шарли Хебдо во Париз. Активностите на терористичката организација на ДАЕШ во последните 18 месеци видливи се на подрачјето на Ирак, Сирија, Либија, Афганистан, Египет, Алжир, Индија, Индонезија, Тунис, Турција, Филипини, Мали и Судан. Посебно е активна на подрачјето на Ирак и Сирија.
Терористичката организација ПКК изведува различни напади ширум Турција, а посебно е активна на југоистокот на таа земја. Во 2015 година е неутрализирано 3.100 припадници на организацијата на ПКК, а терористите убија повеќе од 200 припадници на безбедносните сили.