Diyar Güldoğan
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АП) - Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Анатолиј Антонов, досегашен заменик-министер за надворешни работи, за нов амбасадор на Русија во САД, соопшти Кремљ, пренесува Anadolu Agency (АА).
Анатолиј Антонов е именуван на местото на Сергеј Кисљак, кој беше на таа должност од 2008 година.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Антонов е во дипломатијата од 1978 година, по дипломирањето на Државниот институт за меѓународни односи во Москва.
Тој ја презеде должноста заменик-шеф на руската дипломатија во 2016 година.
Односите меѓу Русија и САД се заострија по обвинувањата за мешање на Русија во претседателските избори во САД минатата година.