Selen Temizer
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АСТАНА (АА) - На 9. преговори во Астана за Сирија, страните се согласија за завршната декларација, јавува Anadolu Agency (AA).
На вториот ден на преговорите, делегациите на Турција, Русија и Иран ги продолжуваат билатералните и трилатералните состаноци.
Според информациите добиени од изворите учесници на преговорите, за време не состаноците е разговарано за зачувување на примирјето во зоната на деескалација во Идлиб.
Страните се согласија за важноста и за продолжување на функцијата на точките за набљудување поставени во Идлиб од страна на Турција, во рамките на мисијата за набљудување на примирјето.
Се дознава дека е постигнат напредок на вчерашниот втор состанок на работната група формирана за ослободување на лицата лишени од слобода, а се вели дека третиот состанок ќе се одржи наредниот месец во Турција.
На завршната декларација се одразува и заедничкиот став на страните околу единството и интегритетот на Сирија, улогата на зоните на деескалација во намалување на насилството во земјата и во продолжување на примирјето, безбедно доставување хуманитарна помош, обезбедување потребни услови за враќање на мигрантите, заедничка борба против тероризмот, како и за забрзување на работите за формирање на уставен комитет под надзор на Обединетите нации (ОН).
Во наредните часови се очекува да биде објавена завршната декларација.