Aslı Aral,İnci Gündağ
03 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека пред да започне процесот за излез од Европската Унија (ЕУ), прашањето треба да се постави за гласање пред пратениците, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа одлука значи дека британската Влада без одобрување од Парламентот, не смее да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, за официјално започнување на преговорите за излез од ЕУ.
Додека ја соопштуваше одлуката, судијата Лорд Томас рече: „Британската Влада нема надлежност сама да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за излез од ЕУ“.
Британската премиерка Тереза Меј истакна дека нема потреба од одобрување на Парламентот за започнување на официјалните преговори. Овој став на владата на Велика Британија беше обжален во Врховниот суд во Лондон, од страна на еден инвеститор.
Првата реакција на британската Влада дојде од страна на министерот за меѓународна трговија, Лиам Фокс. Тој во своето обраќање во Парламентот рече дека е разочаран од одлуката.
Се очекува одлуката да биде обжалена од Владата. Британскиот печат истакна дека ако Апелациониот суд не ја промени одлуката, ќе дојде до задоцнување во започнувањето на официјалните прговори за излез на Велика Бритнија од ЕУ поради можните дискусии што ќе се водат во Парламентот.
Минатиот месец, во својата изјава, премиерката на Велика Британија и воедно, генерален претседател на Конзервативната партија, Тереза Меј соопшти дека членот 50 од Лисабонскиот договор – со којшто официјално ќе започне процедурата за излез од ЕУ – ќе биде активиран на крајот на март 2017 година. Се очекува овој процес за трае околу 2 години. Надлежните во Европа повикуваат колку што е можно поскоро да се активира членот 50 од договорот.
На референдумот од 23 јуни, Англија, Шкотска, Северна Ирска и Велс, со 51,9 проценти одлучија Велика Британија да излезе од ЕУ.