Halil İbrahim Sincar
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
МАРДИН (АА) - Од експлозијата на бомба што терористите на сепаратистичката организација ПКК ја активирале во моментот кога на патот минувало цивилно возило со војници и припадници на локалните безбедносни сили, животот го загубиja тројца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, се дознава дека терористите поставиле експлозив во близина на селото Тепекоју, на патот Кизилтепе-Дерик. Експлозивот го активирале кога по патот минувал минибус со војници и припадници на локалните безбедносни сили кои се враќале од должност.
Во нападот загинале двајца војници, додека двајца припадници на локалните безбедносни сили и шестмина војници се ранети. Ранетите се пренесени во болница, каде што на повредите им подлегнал еден војник, со што бројот на загинатите од терористичкиот напад се зголеми на тројца војници.
Продолжува лекувањето на седумтемина ранети.
Од експлозијата направен е голем кратер на патот, поради што тој е затворен за сообраќај.
Екипите од Патишта и сообраќај започнале со активности за поправка на патот.
Во областа е започната операција за фаќање на терористите.
Во изјавата што ја даде гувернерството на Мардин се вели дека дека во близина на градот Дерик, утрово во 8:30 часот експлодирала бомба, поставена од страна на терористи, во моментот кога по патот минувало возило со членови на екипите за откривање мини и рачно изработени експлозивни направи.
Од експлозијата загинаа тројца војници, а седуммина се ранети, од кои двајца потешко.
„Продолжува лекувањето на ранетите. Започнати се потребните судски и административни постапки. Од Бога бараме милост за загинатите војници во овој предавнички напад, а на ранетите им посакуваме колку штое можно побрзо закрепнување“, се вели во изјавата од гувернерството.