Ali Kemal Akan
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Вице-премиерот на Република Турција, Нуман Куртулмуш, кој допатува во официјална посета на Косово, денес имаше одделни средби со претседателот на Косово, Хашим Тачи, и претседателот на парламентот, Кадри Весели, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш, со службен авион пристигна во Приштина на приемот по повод 23-ти април, Националниот празник на Турците во Косово, а ќе има и други средби. Вице-премиерот Куртулмуш на аеродромот во Приштина го пречекаа пратеникот во парламентот Фикрим Дима, амбасадорот на Турција во Косово, Кивилџим Килич и други официјални лица.
Во текот на денот Куртумлуш во претседателската резиденција се сретна со претседателот Хашим Тачи.
Средбата се одвиваше зад затворени врати без присуство на медиумите.
Куртумлуш по остварената средба со Тачи замина кон Собранието на Косово каде што се сретна со претседатлот на Собранието Кадри Весели.
По средбата, по повод 23-ти април, националниот празник на Турците во Косово, Куртумлуш и Весели остварија разговор и заедничка фотографија со децата кои по тој повод пристигнаа во собраниската зграда.