Mahmut Atanur
08 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
ЏАКАРТА (AA) - Во земјотресот со јачина од седум степени кој во недела го погоди островот Ломбок, во Индонезија, загинаа најмалку 131 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека се повредени 477 лица. Евакуирани се повеќе од 156.000 лица.
Нугрохо додаде дека во земјотресот се оштетени 43.000 објекти, меѓу кои куќи, училишта, верски објекти и државни институции.
Акциите за спасување и понатаму траат, а надлежните органи ги повикаа властите на донации за унесреќените во вид на храна и вода за пиење.