Aybala Arpacı
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку осум членови на терористичката организација ПКК се неутрализирани во акција на турските безбедносни сили во близина на источниот град Тунчели, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турските воојски се наведува како на 24 ноември е спроведено извидување со беспилотно летало на локацијата Алибогази, во близина на Тунчели. Безбедносните сили потоа започнаа антитерористичка акција.
Во текот на акцијата беa неутрализирани најмалку осум терористи на ПКК.
Исто така, се наведува дека во текот на акцијата во 14 засолништа кои беа користени од страна на терористи, беше запленето и уништено значително количество на оружје и муниција.
Запленети се 11 различни експлозивни направи, 200 килограми експлозив, три калашникови, снајперист, неколку рачни бомби и друга муниција.