СКОПЈЕ (АА) – Министерството за правда, Адвокатската комора, УНИЦЕФ и Советот за превентива против малолетничка деликвенција денес потпишаа меморандум за соработка, со цел унапредување на знаењето на адвокатите и подобрување на заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот, јавува Anadolu Agency (AA).
Статистиките во Македонија покажуваат дека околу илјада деца годишно доаѓаат во контакт со судскиот систем дали во улога на обвинети, дали во улога на осомничени, сведоци или жртви.
Главната цел на оваа соработка е да се унапреди знаењето на адвокатите и да се подобри заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца што извршиле или се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви.
Осврнувајќи се на извештајот на Советот за превенција на малолетничка деликвенција, министерката за правда, Рената Дескоска, истакна дека во 2017 година околу 1600 деца практично биле повикани во полициска станица од различни причини, а од нив 38 проценти го искористиле правото на заштита од адвокат.

„Со овој меморандум се предвидува организирање и спроведување на специјализирани обуки, истакнување на посебните познавања и вештини на адвокатите од областа на правдата за детето и кривично-правната заштита на децата“, рече Десковска.
Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, нагласи дека потпишувањето на меморандумот е исклучително значаен чекор напред кон зајакнување на капацитетите на институциите.
„Неспорно е дека криминалот денес е основен проблем на современото општество и најтешко загрозување на квалитетот на човекиот живот“, нагласи Михајловски.
Лазар Нанев, од Сојузот за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција во Македонија истакна дека учеството на адвокатите во системот за правда на децата е една од најважните алки во постапките пред центрите за заштита, пред Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и особено во судските постапки против децата.
Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, истакнувајќи го задоволството од потпишувањето на меморандумот посочи дека целта е да се спречи децата да станат криминалци и да излезат од циклусот на криминал.
news_share_descriptionsubscription_contact


