Ruslan Rehimov
04 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
БАКУ(АА) – Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, и покрај објавената одлука за прекин на нападите од страна на Азербејџан, Eрменија продолжува со зголемување на тензиите на границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерменските сили со цел да ги вратат загубените територии на регионите Агдере, Тертер, Хоџавенд и Фузули, отворија оган кон пограничната линија и на териториите населени со цивили.
Во даденото соопштение беше посочено дека во вчерашните судири, кои се одвивале во текот на целиот ден и ноќ, имало големи загуби од страна на ерменските сили и биле уништени голем број воени возила. Беше соопштено дека во судирите загинале и тројца војници, припадници на војската на Азербејџан.
Војската на Азербејџан за да ги заштити цивилите во регионот, на први април започна операции за заземање на стратегиски точки и локации. Во судирите загинаа 12 војници припадници на војската на Азербејџан и над стотина припадници на војската на Ерменија.
Вчера Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот како резултат на интернационалните повици за запирање на судирите.