Dzihat Aliju
04 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа „Средба на Меѓународни Студенти“ организирана од страна на Федерацијата на Здруженијата на Меѓународни Студенти (УДЕФ) во соработка со здруженијата Визиони-М и Копру, јавува Anadolu Agency (AA).
Во настанот одржан во Куршумли Ан, во Старата Скопска Чаршија, учествуваа голем број студенти од различни етнички групи.
Претствникот на УДЕФ, Лавдрим Берхами, во својата изјава за медиумите истакна дека тие како УДЕФ едниот дел од ваквиот настан, кој се организира ширум светот, го организираат на едно историско место во Скопје.
Тој нагласи дека како Федерација на Здруженијата на Меѓународните Студенти, им нудат различни можности на студентите од околу 200 различни земји од целиот свет кои студираат во Турција.
„Почнавме да ги собираме плодовите на ова дрво кое го засадивме пред неколку години“, истакна Берхами.
Во меѓувреме, претставникот од Визиони-М, Исмаил Бериша, нагласи дека благодарение на овој настан студентите имаат можност да ги претстават своите традиции, култури, но и кујни.
Претседателот на Копру, Хусрев Емин, нагласи дека настанот оваа година се организира по вторпат вo Македонија, и дека со овој настан имаат за цел да ги промовираат културите на студентите кои студираат во земјата.
Во рамките на активностите, студентите делеа различни јадења од своите култури, а активностите беа придружени со изведба на песни со музика од гитара.