Elvir Hociç
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Гласањето за избор на „Фотографија на годината“ на Anadolu Agency преку веб-страницата www.aa.com.tr/en е отворено на почетокот на декември и ќе трае до 1. јануари следната година.
Станува збор за гласањето за најдобра фотографија на репортерите на АА. Оние што ќе гласаат имаат можност да изберат меѓу бројните фотографии и да се одлучат за онаа којашто сметаат дека ја одбележа 2016 година.
Фотографиите од целиот свет се поделени во три категории, а преку гласање ќе се изберат најдобрите.
Со гласање на овогодишниот избор на„ Фотографија на годината“ на АА, учествуваат бројни претставници на властите и јавни личности од многу земји. Меѓу останатите, досега гласале Реџеп Таип Ердоган, Фатих Терим, Арда Туран...
Натпреварот „Фотографија на годината“ на АА првпат беше организиран во 2012 година, а од над 700.000 фотографии беа избрани 45 најдобри во категоријата вести, живот и спорт, а претставени се фотографии од Турција, Сирија, Грција, Босна и Херцеговина, Еквадор, Соединетите Американски Држави, Бразил, Русија, Индонезија и од Палестина.
Во категоријата вести се натпреваруваат 19 фотографии. Во категоријата живот има 15, а 11 фотографии во категоријата спорт.
Меѓу избраните фотографии се и оние од „Фотографија на месецот“, кои секој месец ги избираа уредниците на АА, но и фотографии од бојното поле, од подрачјата погодени со природни катастрофи, како и од светот на политиката, спортот и други.
Под секоја фотографија е даден опис на турски и на англиски јазик.
Минатата година „Фотографија на годината“ избираа 115.000 лица, а овогодинешното гласање ќе биде отворено до 31 декември.