Sena Güler
29 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Јавниот обвинител на Саудиска Арабија денес пристигна во Судот во Истанбул во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудискиот главен обвинител, Сауд ал Муџеб, пристигна во раните утрински часови, со цел да се сретне со истанбулскиот главен обвинител, Ирфан Фидан.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
По неколкунеделно негирање дека имаат какви било сознанија за Кашоги, саудиските претставници минатата недела признаа дека новинарот е убиен во просториите на Конзулатот.
Турската полиција го истражува случајот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека 18-те лица уапсени во врска со убиството во Саудиска Арабија треба да бидат испратени во Турција за да им се суди.