İzzet Mazi
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
КИЛИС (АА) - Гранати истрелани од Сирија паднаа утрово на територијата на турскиот пограничен град Килис, а според првичните информации повредени се најмалку две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот проектил падна и експлодира во ненаселена област во близина на автобуска станица, а за кратко време вториот проектили го погоди првиот кат од четирикатница во центарот на градот.
Според првичните информации од теренот, двајца случајни минувачи се повредени во близина на погодените пансиони. Повредените се пренесени во болница.
Експлозијата уништи неколку возила, а учениците од Привремениот наставен центар за сириски бегалци, кој се наоѓа преку улицата на пансионите, беа евакуирани.
Турските безбедносни сили дополнително ги зајакнаа безбедносните мерки во пограничниот град. Станува збор за град кој се наоѓа во близина на границата и северниот сириски град Aзаз кој е средиште на жестоки воени судири.
Во последниве неколку дена се случија неколку слични инциденти.