Zülfiya Yakup
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ПРИШТИНА (AA) - Од недела, 17 април, граѓаните на Косово и Македонија ќе можат да ја поминуваат границата помеѓу двете земји само со лични карти, јавува Anadolu Agency (AA).
Како е најавено од Министерството за внатрешни работи на Косово, во недела на граничниот премин Хани и Елези (поранешен Генерал Јанковиќ) ќе биде одржана свечена церемонија на стапување во сила на спогодбата помеѓу Владата на Косово и Македонија за патување на граѓаните на двете земји само со лични карти.
Граѓаните на Македонија до сега со лични карти можеа да патуваат само во Србија, додека граѓаните на Косово до сега со лични карти можеа да патуваат само во Албанија и Црна Гора.