Betül Yürük
14 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, изјави дека започна да опаѓа влијанието на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за списанието „The Atlantic“, Гутереш рече дека се намалува моќта на САД во светот.
„Се намалува меката сила на Соединетите Американски Држави (САД)“, рече Гутереш.
Алудирајќи на „трговската војна“ помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Кина, Гутереш нагласи дека САД денес се занимаваат со разни трговски теми.
„САД денеска се занимаваат со трговија и различни други прашања. Американското општество, кое порано во меѓународните односи имаше доминантна улога, денес нема толкав интерес“, рече Гутереш.
Нагласи и дека САД и другите земји треба да се „адаптираат“ на новонастанатата ситуација на глобално ниво.
„Светот е доста поделен. Поредокот кој по Студената војна го предводеше Америка уште не е дефиниран, а многу сили сега веќе тргнуваат кон поредок во кој сакаат да бидат ефикасни. САД и светот треба да се навикнат на новата ситуација“, рече Гутереш.