СОФИЈА (АА) - Шефот на турската Влада Ахмет Давутоглу денеска во Софија предупреди дека кризата во Сирија стана глобален проблем и дека во решавањето на тој проблем треба да се вклучат сите фактори на меѓународната заедница, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на офиијалната посета на Бугарија, Давутоглу во Софија се состана со домаќинот, бугарскиот премиер Бојко Борисов, а после тоа е одржан и состанокот на проширените делегации на двете земји.
Давутоглу и Борисов одржаа заедничка конференција за новинарите на која истакнаа дека денешната средба е искористена за да се разговара за низа билатерални, регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и актуелната бегалска криза.
Истакнувајќи дека Бугарија е сосед и пријател на Турција, Давутоглу најави дека интензивирањето на билатералната соработка помеѓу Анкара и Софија ќе биде постојана точка на дневниот ред на турската влада и во наредниот мандат и дека целта е што поскоро да се зголеми трговската размена од пет на десет милијарди долари, а турските инвестивии во Бугарија да се зголемат од две на пет милијарди.
Истакнувајќи посебна желба за интензивирање на односите во областа на енергетиката, земјоделството и трговијата, Давутоглу рече дека турската влада сака да реализира и проект на изградба на железничка линија која со брз воз би го поврзала Истанбул со Софија и понатаму кон западот на Европа.
Осврнувајќи се на турскиот транзициски пат кон членство во ЕУ, Давутоглу рече дека по повеќегодишен застој е направен крупен чекор и дека после 11 години одржаниот самит на лидери на Турција и ЕУ, а вчера после четири години е отворено и првото поглавје на преговорите. Давутоглу рече дека главна причина на застојот во преговорите не беше реформскиот процес во Турција туку кипарското прашање.
"Секако дека разговаравме и за проблемот на бегалската криза која не е проблем само на Турција и Бугарија туку и на целата Европа и меѓународната заедниа" , рече Давутоглу и додаде дека сириската криза израсна во проблем за чие решение треба да се заложат сите релевантни фактори.
Нагласи дека Турција го подднесе најголемиот товар на досегашната бегалска криза и дека во минатите години за тоа не се зборуваше како за глобален проблем, бидејќи на удар беше само Турција, но дека тоа беше прашање од пошироки размери и дека мора да се реши на начин да се воспостави мир во Сирија и така да се запре бегалскиот бран.
" Најголем проблем со кој сите сме соочени е трагедијата на луѓето во Сирија и бегалците кои доаѓаат од таму. Желба ни е тој проблем да се реши и да се воспостави мир во таа земја. Меѓутоа, луѓето кои бегаат од нападот на варварскиот режим и терористички организацции од Сирија бегаат во Турција, Бугарија и понатаму кон Европа. За ефикасното делување и раководење на активностите во тој контекст разговаравме на неодамешниот самит помеѓу Турција и ЕУ. Турција и Бугарија за тоа за тоа прашање имаат конструктивна соработка" , рече Давутоглу.
На прашањето на новинарите да ја коментира билатералната криза помеѓу Турција и Русија предизвикана со неодамнешното соборување на рускиот воен авион кој го повреди турскиот воздушен простор, Давутоглу рече дека ставот на Анкара за тоа прашање е јасен и конструктивен. Порача дека Турција не сака ескалација на тензии, туку конструктивен дијалог за сите прашања, но дека за тоа не придонесуваат изјавите на руските функционери.
Борисов изрази задоволство со фактот дека турскиот премиер Давутоглу на почетокот на неговиот мандат после Кипар и Азербејџан, за трета официјална посета ја избрал Бугарија, што како што рече ја покажува намерата да се интензивираат добрососедските односи.
Борисов рече дека денешната средба на претставниците на двете земји послужи како добра прилика за конструктивен дијалог за подобрување на односите. Додаде дека е договорео во април наредната година во Софија да биде одржано второто заседавање на Советот за билатерална соработка помеѓу двете земји.
news_share_descriptionsubscription_contact


