АНКАРА (AA) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција нема двојни стандарди и дека за неа се еднакви вредностите на животите на сите невини жртви од терористичките напади, без оглед на нивната вера и нација, ниту дали страдале во свирепите напади во Анкара, Истанбул, Париз или Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Конечно сите мораат да извлечат поука од свие стравични случувања. Сите оние кои поради кратковидноста на умот прават разлики помеѓу своите и туѓите терористи би морале, а веќе почнале да увидуваат дека таквото сфаќање на проблемот со тероризмот среднорочно и долгорочно донесува скапи сметки за наплата. Европа нема алтернатива за партнерство со Турција доколку сака да биде воспоставена безбедноста во регионот. Таа реалност мора бргу да ја разбере и да започне да се однесува во склад со тоа", порача Давутоглу во текот на денешниот состанок со челниците на регионалниот одбор на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Партија).
Давутоглу во оваа прилика потсети на текстот на весникот „The Independent“ кој го потпишаа бројни новинари и колумнисти, а во која е поставено општото прашање на јасната разлика во изразувањето сочуство и поддршка на Западот по ужасните терористички напади кои се случија во Париз и Брисел од оние кои се случиле во Анкара и другите градови во Турција.
„Благодарен сум им на тие совесни интелектуалци и на новинарите на Западот на тоа прашање и укажување на фактот дека е потребно и благодарно тоа што се прогласува жалост во целата Европа по страдањата на невините луѓе во Брисел, но дека тоа не беше случај кога исто така, страдаа невините во Анкара. Тоа прашање мораме почесто да го поставуваме, но за жал и во Турција сеуште има такви кои не го поставуваат тоа прашање", рече Давутоглу.
Шефот на турската влада Давутолу, понатаму тврди дека и европското тло е погодено со драмата која веќе пет години е присутна во Сирија во која народот е препуштен на злосторничкиот режим и терористичките организации кои се негови сојузници.
„До вчера и можеа немо да ја гледаат драмата во Сирија, но денес таа болна и сурова реалност зачука на вратите на Европа. Сериозна промена на европската политика кон сириското прашање е нужна. За жал зад сите претрпени стравични терористички напади во Европа и Турција лежи погрешната политика на Западот и генерално на меѓународната заедница кон сириското прашање", рече Давутоглу и додаде дека изостанувањето на заедничка конкретна борба против тероризмот би можела да доведе до тоа да ДАЕШ, ПКК, ПЈД и другите терористички организации да станат едно и заедно да продолжат да ја напаѓаат Турција, Европа и остатокот од светот.
Осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација во Турција, Давутоглу рече дека АК партијата ќе продолжи со спроведувањето на зацртаните реформи, вклучувајќи го и предлогот да се укине имунитетот на сите пратеници во парламентот на Турција за да се спроведат истрагите за сите наводи на вмешаност на некои пратеници во ваклани работи, вклучувајќи и соработка со терористите.
Турскиот премиер рече дека стручниот тим на АК партијата работи на пишување на нацртот на реформите кои оваа политичка опција ги најави во склад со демократскиот и економскиот прогрес на Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
