Besar Ademi
08 Август 2016•Ажурирано: 09 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Лошото време што на 6 август го погоди Скопје, освен големите материјални штети, одзема 21 човечки живот, додека по 6 исчезнати се трага, јавува Anadolu Agency (АА).
Најпогодени делови од невремето, места каде што се регистрирани и жртвите се населените места Стајковци, Арачиново, Сингелиќ и Смилковци. Жителите на овие населени места раскажуваат за кошмарот што го доживеале за време на поплавите. Тие раскажуваат за нивните обиди да се спасат кобната вечер и за обидите да им помогнат на своите најблиски. Велат дека од сите страни слушале повици за помош, но за жал, на некои не успеле да одговорат.
Леотрим Синани, кој ги загубил внуката и внукот раскажува дека безживотното тело на неговата внука било најдено утредента, додека телото на внукот е пронајдено од страна на полицијата, која го предала синоќа.
„Враќајќи се дома, братот заедно со сопругата и нивните три деца биле потурнати од водата којашто ги фрлила во каналот. Шестмесечното бебе и четригодишното дете успеал да ги спаси, додека сопругата и другото, шестгодишно дете ги оставил на покривот со намера да се врати по нив. Кога се вратил, колата била превртена, а телата биле однесени од водата”, раскажува Синани.
- Освен човечките загуби, водата однесе и многу животни -
Фаик Абази, од Сингелиќ, кому водата му одзема 30 овци, раскажува дека нивото на водата било покачено за многу кратко време и дека бил во дилема кого да спаси попрво, бидејќи имало и луѓе на кои им била потребна помош.
„Не знаевме кому попрво да помогнеме, на животните или на луѓето. Кога се вратив, водата веќе ги имаше однесено 30-те овци, само овие останаа. Полициата дојде и се интересираше за луѓето, додека за овците воопшто не прашуваа”, вели Абази.
Ваид Абази, исто така од Сингелиќ, кој за време на поплавите останал внатре во домот, вели дека немал можност да си замине поради надојдените води. Тој вели дека слушал повици за помош. Останал со часови внатр, заглавен, оти телефонските линии биле во прекин, па немал можност да повика помош.
„Кога надојде водата бев внатре во куќата заедно со семејството. Од прозорот видов едно возило како се превртува, додека внатре беше една жена која бараше помош. Немав како да ѝ помогнам”, расказа Абази.
Министерот за внатресни работи, Митко Чавков, претходно изјави дека екипите продолжуваат со потрагата по исцезнатите лица и со чистењето на улиците и дворовите од куќите во кои можат да се видат превртени автомобили донесени таму од надојдените води.