Adel Omeragic
29 Март 2018•Ажурирано: 30 Март 2018
ПОДГОРИЦА (AA) - Во експлозија која вечерва се случи по 19 часот во Подгорица, загина едно лице. Експлозијата се случи во гаража на зградата Вектра, на Римскиот плоштад, кога експлодирал автомобил, кој бил во движење, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на противпожарникарните служби и брза помош се на лице место, а полицијата затвори пристап на местото на несреќата.
Како што беше кажано од полицијата, експлозивната направа беше поставена под автомобилот на марка БМВ, чиј возач по експлозијата настрада.
Во експлозијата се оштетени уште неколку автомобили.
За сега не е познат идентитетот на страданото лице.