ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул рече дека Турција не ги признава обвиненијата од 1915 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во врска со одлуката на германскиот парламент за усвојување на резолуцијата на ерменските наводи во врска со случувањата од 1915 година, меѓу кои, го вклучува и изразот „геноцид" рече дека „не е природно последната земја на светот која може да зборува за геноцид, да не обвинува на тој начин. Првин тие нека го редефинираат „холокаустот".
Ердоган подвлече дека Турција нема ништо во своето минато од што треба да се срами.
„Зад секоја од оние земји кои нашата земја често ја уценуваат со геноцид над Ерменците, стои крвта на милион недолжи", смета турскиот претседател Ердоган.
Тој истакна дека ставот на Турција за ерменското прашање уште почетокот е јасен.
„Ние не ги признаваме обвиненијата за 'геноцид'. Во услови на Првата светска војна, во период кога нашата земја од сите страни беше напаѓана. Сигурно дека тогаш се преземени низа мерки за да се воспостави безбедноста во Анадолија“ , рече претседателот Ердоган.
Ердоган им порача на германските политичари дека Турција ги отвори своите архиви и ги држи на отворени.
„Доколку ги имате, отворете ги и вие Вашите. Дојдете да ги прегледаме архивите и така да одлучиме", повика Ердоган.
Пратениците во германскиот федерален парламент (Бундестаг) во четврток со мнозинство ја усвоија нацрт-резолуцијата за настаниге од 1915 година, која го вклучува и изразот „геноцид“, покрај останатите ерменски наводи.
Пратениците кои во парламентот се обратија пред усвојувањето на нацрт-резолуцијата порачаа дека нивна цел не е да ја обвинат Турција, туку да се присетат на жртите и да се иницира помирување меѓу Турција и Ерменија.
Тие порачаа дека тогашното Германско царство носи одговорност поради неинтервенирањето во тој период. Нагласија дека сега не е време да се обвинува Турција и нејзинот народ, туку дека е потребно кон оваа земја да и се испрати благодарност, бидејќи таа ги отвори своите врати на бегалците.
Усвојувањето на нацрт-резолуцијата во Германскиот парламент со себе не носи никакви санкции во правна смисла, туку тоа е резолуција која е советодавна.
- Што се случи 1915 година? -
На почетокот на Првата светска војна ерменските националисти го искористија фактот дека Османлиската држава и Русија влегоа во војна во спротивните табори и сојузништво со руските сили го користеа за да основаат независна држава Ерменија.
Во окупацијата на источна Анадолија голема поддршка на руската војска и пружија ерменските сили. Група Ерменци истапија од османлиската и се придружија кон руската војска. Ерменските едници така го отежнуваа напредокот на османлиската војска а воедно и направија злосторства над цивилите на подрачјата кои ги окупираа.
Османлиските власти во низа наврати одржаа состаноци за да ги уверат истакнатите Ерменци да ги спречат тие настани, но без успех. Потоа, Османлиските власти на 24 април донесоа одлука за затворање на ерменските бунтовнички комитети и одлука за апсење и протерување на некои ерменски лидери. Подоцна токму таа дата ќе биде избрана за одбележување на наводен „геноцид над Ерменците".
Нападите продолжија и покрај обидите на османлиските власти да се смири ситуацијата, па Османлиската држава на 27 мај 1915 година донесе одлука за иселување на ерменското население кое остана во подрачјето зафатено со војна и ерменските сили кои соработуваа со руската окупаторска војска.
Во текот на миграцијата на големиот број Ерменци ги загубија животите поради воените дејства, внатрешните судири, осветничките дела на локалните групи, глад и заразни болести. Иако имаа план на мигрантите да им обезбедат хуманитарна помош, османлиските власти не успеаа поради воените дејсвија.
Историските документи јасно покажуваат дека османлиските власти не планирале, ниту сакале да се случат тие трагични настани и дека ги казнувале сите кои во таа прилика вршеле злосторства над ерменските мигранти. Укажуваат и на тоа дека многумина се вмешани во злосторствата во текот на таа голема хуманитарна трагедија осудени на смрт и погубени пред завршеток на војната.
news_share_descriptionsubscription_contact


