Yeşim Sert Karaaslan
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека еден од условите за безвизниот режим на дражвјаните на Турција е катастрофален, јавува Anadolu Agency (AA).
„Има пет услови, од кои еден е катастрофален. Кој? Ни рекоа 'Ќе го измените законот за борбата со тероризмот'. Претходно оние кои овој предлог ни го предлагаат, зошто им дозволуваат на терористите да подигнат шатори пред Европскиот парламент? Прво нека одговорат на ова прашање" , изјави претседателот Ердоган.