Ердоган за АА: Самитот на Г20 во Анталија ќе биде најефикасен досега
„Сметам дека претстои најефикасниот, најактивниот и највнимателниот Самит од сите кои досега сме ги имале“, кажа Ердоган во интервју за АА????? ?????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ИстанбулИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сè е подготвено за одржување на самитот на лидерите на земјите на Г20 во Анталија на 15-ти и 16-ти ноември и изразува уверување дека сите учесници на тој престижен собир ќе имаат сосема ново и незаборавно искуство од аспект на гостопримството, сместувањето, условите, местата и содржините на состаноците кои не ги имаат искусено на претходните самити на оваа група, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на Самитот на Г20 кој престојниов викенд ќе се одржи во туристичкиот бисер на медитеранскиот брег Анталија, домаќинот на тој собир, турскиот претседател Ердоган, во палатата во Мајбен во Истанбул разговараше со главниот уредник на АА за вестите од земјата, Хасан Ојмез.
Потсетувајќи дека првиот Самит на лидерите на Г20 е одржан во периодот на економска криза во 2008 година во Вашингтон, Ердоган кажа дека досега присувстувал на сите собири, освен на последниот кој се одржа минатата година во австралискиот град Бризбејн.
Укажувајќи на содржинската експанзија и постигнатиот дигнитет од првиот самит до денес, Ердоган рече дека земајќи ги в предвид сите негови содржини и теми на разговорите, тој прерасна во форум кој навистина ги собира најважните сегменти и актери на светската економија.
„Но тука работата не застанува. Покрај тоа, особено во тек на работните состаноци, можат да се развијат разговори за различни теми од глобално значење. Сега актуелно прашање се климатските промени и секако тоа ќе биде една од темите на разговор во тек на работните ручеци. Меѓународниот тероризам е уште една важна тема за која ќе разговараме во тој контекст“, рече Ердоган.
Ердоган рече дека сите кои биле задолжени вложиле голем труд и дека Анталија е подготвена на својствен начин да ги угости највисоките официјални личности на економски водечките земји на светот, и додава дека и самиот тој, уште еднаш, сака да го види местото домаќин на Самитот, кое е прогласено за сигурносна зона поради преземените зајакнати безбедносни мерки за сè да биде во најдобар ред.
Нагласувајќи дека Самитите Г20 ги собираат лидерите на дваесетте најразвиени земји на светот и лидерите на Европската унија како и бројни меѓународни организации, Ердоган кажа дека на тој собир учествуваат вкупно 35 групи.
„Во рамките на тие активности, ние како претставници на Турција одржуваме билатерални средби или средби со проширени делегации на кои разговараме за можните чекори кои можеме да ги преземеме во иднина. Кога говориме за експанзија на Г20, тогаш мислиме на шест групи т.е групи помошнички на Г20, потоа групата на синдикати кога станува збор за работата, тука е и групата на невладини организации од земјите Г20, група на млади, група Б20 и група која ние како претседавачи ја инициравме а тоа е групата на жени, т.е „W20“, кажа Ердоган во разговор за АА.
Додавајќи дека и тие групи имаат свои подгрупи, Ердоган рече дека постојат оддели кои работат на различни прашања за соработка, како земјоделството или енергетиката и дека досега се одржани над 70 состаноци на тие работни тела.
Самитот во Анталија ќе биде најефикасен до сега
“Сметам дека ни предстои најефикасниот, најактивниот и највнимателниот Самит од сите кои сме ги имале до сега” , рече Ердоган и додаде дека бројни работни групи, секретари и функционери, одржале состаноци во Турција, САД, и во другите земји и дека во конечните заклучоци и резултати од припремните состаноци му ги доставиле на организаторот. Потсети дека лично тој, неодамна во Палатата на Претседателството ја угости комплетната делегација на работни тела на работен ручек и ги сослушал нивните ставови.
Осврнувајќи се и на темите за кои ќе стане збор на предстојниот Самит, Ердоган рече дека еден од приоритетите е прашањето на јакнење на групата W20, а дека ќе стане збор и за темите како што се енергетиката, за малите и средните претпријатија, прехрамбената безбедност, климатските промени и меѓународниот тероризам.
“Уверен сум дека заедничката декларација на учесниците на Самитот во Анталија ќе има обемна содржина и дека во иднина често ќе се повикува на плодовите од тој самит. Во иднина често ќе слушнеме цитирања на одлуките од Самитот од Анталија кои ќе ја трасираат мапата на патот за иднината на групата Г20“, рече Ердоган.
- Воведувње на исламското финансирање ќе донесе нова сила -
Нагласувајќи дека секоја членка на Г20 има свои својствени слогани и мото за кои се залага, Ердоган рече дека „Инклузивост“, „Инвестиции “ и „ Апликации“ се слоганите на Турција.
Ердоган појаснува дека инклузивноста, односно вклучувањето ги опфаќа младите, жените, малите и средните претпријатија и подразбира сеопфатен раст и развој на сите тие сегменти.
„Тоа го заговараме овде и го сметаме за важно, за никого да не острануваме од процесот на напредокот. Овдека на маса, ги ставаме сите интересни групи. Помалку развиените земји и земјите во развој се многу важни фактори. Ние како развиени земји кон тие интересни групи мораме да пристапиме инклузивно, со нивно вклучување во процесите “, изјави Ердоган.
Додаде дека другиот најавен турски слоган или принцип, „инвестициите“ претставуваат исто така важен сегмент на делување и развој на заедницата, Ердоган истакна дека се посебно важни вложувањата во инфраструктурни проекти.
„Планираните бројки за вложување во инвестициони проекти до 2030 година се зачудувачки, а се работи за инвестиции од 80 до 100 трилиони долари. Прашувате како ќе се реализираат. Тука е од исклучителна важност соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. Таквата соработка ги руши сите бариери а без вложување во инфраструктурата, не можете да вложувате ниту во надоградување “, наведува Ердоган.
Укажувајќи на економските успеси на Турција, Ердоган рече дека токму Турција е најдобар пример за наведената методологија која и донесе успеси и прогрес кој и понатаму ќе биде продолжен по исти пат. Укажувајќи на различните видови на инвестирање, Ердоган кажа дека е важно да се спомне и она што во Турција се нарекува “учество“, а другите го нарекуваат „ исламско банкарство” .
,,Лично, и не ми е драг терминот банкарство, но доколку на оваа работа би пристапиле со исламско финансирање, тоа би ни дало дополнителна сила и уверен сум, голема сила. За ова прашање, константно се работи на терен” , рече Ердоган.
Осврнувајќи се на третиот принцип кој Турција го заговара како претседавач на Г20, Ердоган рече дека тоа е апликација или имплементација на зацртаните и договорени планови, без кои тие немаат никаков смисол.
,,Раководствата, представниците на власта се тие кои се одговорни за покажување на желба и имплементација на работата. Тие мораат да покажат голема желба за да имаме резултати во работата” , тврди Ердоган.
- Кјото Протокол -
Осврнувајќи се и на актуелното прашање со климатските промени, Ердоган рече дека за тоа ќе биде договорено на маргините на Самитот во Анталија, посебно за време на работните средби. Потсети дека и два дена порано е одржан телеконференциски состанок со кој претседаваше генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун, а за спомнатото прашање со климатските промени свои мислења изнесоа лидерите на Турција, Германија, Перу и Франција, која на крај на ноември во Париз ќе биде домаќин на посебен самит за климатските теми.
„За ова прашање е најважен протокот од Кјото, кој и понатаму не го потпишале сите земји. Тоа мора да се одработи” , порача Ердоган и додаде дека и овде е важно најразвиените земји да помогнат на неразвиените или на оние земји коишто се во развој како би ги имплементирале мерките со кои ќе биде намалена емисијата на штетни гасови и загадување на природата.
,,Парискиот самит на 30. Ноември ќе биде само финале. Тогаш на маса ќе биде ставено решавањето на тоа прашање и се надевам дека ќе донесеме одлуки кои ќе значат конкретни исчекори и така ќе го спасат светот од тие закани” ,заклучи Ердоган.
-Програма на Самитот Г20 во Анталија-
Официјалниот дел од Самитот Г20 во Анталија ќе биде одржан на 15 и 16 ноември, но бројни лидери во Турција ќе стигнат порано што претставува можност за бројни билатерални и мултилатерални состаноци на кои ќе стане збор за сите регионални и глобални прашања.
Во разговор за АА, првиот човек на Турција, Ердоган, кажа дека програмата на самитот скоро во целост е прецизирана и почнува веќе денес (13 ноември) Ердоган кажа дека денеска ќе одржи билатералн средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе и дека ќе бидат организирани и состаноци на проширените делегации на двете земји како и свечена вечера на гостите од Токио.
,,Веќе на 14 ноември во сабота во Анталија ќе стигнат делегации на бројни земји и тука со нив ќе бидат организирани билатерални состаноци. Иако Самитот започнува на 14, веќе на 14 ќе ги имаме најголем број на лидерите во Анталија и тоа ќе биде добро искористен ден, а во вечерните часови ќе ги собереме сите гости на вечера “, рече Ердоган.
Првиот ден на Самитот, во недела наутро, Ердоган повторно ќе се состане со американскот колега Барак Обама.
Ердоган рече дека ќе се сретне со сите делегации, но дека сеуште сите состаноци на највисоко ниво не се договорени и дека таа протоколарна процедура ќе биде решена во саатите кои доаѓаат, но и во тек на самиот Самит.
Ердоган во оваа прилика се забглагодари на Anadolu Agency, на укажаниот интерес за Самитот во Анталија.
,,Во тој лонец ќе има и наш зачин. АА ќе биде главен фоторепортерски дистрибутер. Сите фотографии ќе ги објавуваме ние”, ни рече главниот уредник на АА за вести од земјата Ојмез, на што Ердоган додаде:
,,Не само зачин, Вие ќе бидете тој лонец, бидејќи тоа е АА” .