Burcu Çalık
17 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот од Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Вучиќ разговарале а билатералните односи како и за значењето на зачувување на мирот и просперитетот во регионот.
Во текот на разговорот потврдена е одлучност дополнително јакнење на односите на Турција и Србија на сите полиња.
Двајцата претседатели потсетија дека во 2019 година се одбележуваат 140 години од воспоставување на дипломатските односи на двете земји, нагласувајќи го значајот на механизмот на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Србија.