Semra Orkan
16 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп вечерва разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите од Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Трамп разговарале за убиството на Џамал Кашоги, истрагата против ФЕТО во САД, борбата против тероризмот во Сирија и билатералните економски односи.
Турскиот претседател на Трамп му изразил сочувство поради страданите во шумските пожари во Калифорнија.
Двајцата претседатели се согласија дека треба да бидат расветлени сите аспекти на убиството на Кашоги и дека не треба да се дозволи било што да остане нерасветлено.
Нагласено е и значењето на посилна соработка на Турција и САД во врска со борбата против сите терористички организации.
Ердоган и Трамп изразија задоволство со покренување на заеднички патроли во рамките на мапата на патот во Мунбиџ.
Претседателот на Турција искажа очекувања за стопирање на помошта на САД на сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.
Двајцата претседатели ја нагласија важноста на следењето на прашањата за кои неодамна разговарале во Франција, потврдувајќи ја решителноста за продлабочување на соработката помеѓу двете земји на сите полиња.