Cansu Dikme
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го пофали турскиот народ поради цврстиот заштитнички став по прашањето за статусот на Кудс (Ерусалим), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во новогодишната видео порака, турскиот претседател Ердоган нагласи дека прашањето за Кудс стана еден вид тест за сите муслимани во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на почетокот на декември, донесе контроверзна одлука и го призна Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика нов бран тензии на Блискиот Исток. Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција и ја прогласи одлуката на Трамп за правно неважечка и ништовна.
Ердоган во новогодишната порака исто така истакна дека турските безбедносни сили во изминатата година направиле крупни чекори во борбата против терористичките организации ФЕТО, ПКК/ПЈД и ДЕАШ.
Тој наведе дека Турција решително им се спротивстави и на бројните напади однадвор во однос на нејзината економија, и во првите три квартали оствари економски раст од 7,4 отсто.
Потсетувајќи дека престојувал во официјални посети на 25 земји, турскиот претседател Ердоган нагласи дека турскиот естаблишмент покажал завиден успех во промовирањето на Турција на меѓународната сцена.
„Нашиот стратешки приоритет е да ја намалиме зависноста од странските извори и затоа одлучно ќе продолжиме со проектите за развој на енергетиката, одбраната и технологијата“, порача Ердоган.