Nurhan Çorlu
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, зборувајќи за уставните промени во Турција, изјави дека процесот на парламентарната фаза е завршен и дека сега одлуката треба да ја донесе народот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Парламентарната фаза на процесот е успешно завршена. Сега тоа се вика референдум. Сега ќе одиме кај вистинскиот сопственик, ќе одиме кај народот”, изјави Ердоган на аеродромот Ататурк пред посетата на источна Африка, поточно пред заминувањето во Дар ес Салам, Танзанија.
Тој во таа пригода изјави дека треба да види каква ќе биде одлуката на народот.
„Доколку народот навистина ја одобрува оваа уставна промена тоа не значи дека веднаш ќе се оди на избори. Изборниот процес е познат. Изборите моментално се изгледни за 2019 година. И на овие избори ќе му се обратиме на народот. Потребно е да се види што ќе одлучи народот. Поради тоа, да ги утврдиме деталите а потоа да преземеме чекори”, изјави Ердоган.
Toj додаде дека се надева оти со челниците на африканските земји, без оглед дали станува збор за Танзанија, Мозамбик или некоја друга држава, ќе разговараат за борбата против терористичката организација ФЕТО.
Турскиот претседател кој ќе ги посети Мозамбик и Мадагаскар, изјави дека секој ден е сè поголема внимателноста во Африка кога станува кога станува збор за изјави од страна на членовите на ФЕТО со цел измама.
„Оваа организација која е фатена на дело во ноќта на 15 јули, оваа орда на убијци повеќе нема можност за сокривање под изговорот, дијалот, услужни дејности, образование и трговија'”, појасни Ердоган.
Тој, покрај тоа истакна дека Турција во моментот ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Каков ќе биде ставот на Трамп во контекст на Блискиот Исток, бидејќи Блискиот Исток моментално врие. Моментално до нас доаѓаат одредени изјави за Блискиот Исток кои се вознемирувачки. Секако треба да се седне и да се разговара за тоа”, смета Ердоган.
Тој додаде дека Турција се залага за Блискиот Исток кој ја почитува територијалната неделивост.
„Никако не размислуваме за распарчен Блиски Исток, бидејќи тоа не е правилно”, изјави Ердоган и додаде дека е потребно да се договори состанок со Трамп на којшто ќе се разговара за овие прашања.