Aynur Ekiz
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
БИТЛИС (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека започнале со заземање на планините во регионот, и додаде дека продолжуваат да се движат кон Африн, како и дека остана уште малку, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во неговото обраќање на 6. редовен конгрес на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Битлис, потсети дека Турските вооружени сили (ТСК) веќе 14 дена се наоѓаат во Африн, со цел уништување на терористичките организации ПЈД/ПКК и ЈПГ.
„На нив им рековме 'Не го вознемирувајте нашиот народ. Ако го вознемирите нашиот народ, ќе ве уништиме со Ф-16, со хеликоптери, со тенкови, со топови'“, рече Ердоган.
Турскиот претседател посака лицата во регионот да покажат цврст став, и рече дека кукавиците не можат да постават споменик на победа.
„Затоа ќе стоиме цврсто. Ако умираме, ќе умреме само еднаш, додека тие секој ден ќе умираат. Фала му на Бога започнавме со заземање на планините во регионот. Продолжуваме да се движиме кон Африн, остана уште малку“, додаде Ердоган.