Hülya Çorakçı Ertan
04 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул изјави дека ситуацијата во земјата е многу подобра во однос на повеќето земји во светот, а особено во однос на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ситуацијата во Турција е подобра во однос на повеќето земји во светот, особено во однос на Европа. Покрај тоа, нашата земја е во близина на Северна Африка, Блискиот Исток, Кавказ и други региони. Особено сме заинтересирани за сите настани во соседна Сирија и во Ирак“, изјави Ердоган.