Emin Avundukluoğlu
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека опозициските сили на Слободната војска на Сирија не се терористичка организација, туку национална организација која ја брани својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Ердоган, денес се обрати на членовите од партискиот клуб на пратеници во Парламентот, и во таа прилика остро ги критикуваше челниците на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), коишто Слободната војска на Сирија ја нарекуваа терористичка група.
„Слободната војска на Сирија не е терористичка организација, туку национална организација која ја брани својата земја и која се состои од голем број етнички групи“, изјави Ердоган и додаде дека турските вооружени сили заедно со Слободната војска на Сирија се борат против терористичката организација ПЈД/ПКК.
Ердоган изјави дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот пограничен регион Африн загинале најмалку 16, а ранети биле 100 борци на Слободната војска на Сирија.
Турскиот претседател Ердоган им се заблагодари на сириските бегалци, згрижени во Турција, коишто се пријавиле во турската војска и сакаат како доброволци да учествуваат во борбата против терористите во Африн.
„Нема да застанеме додека во потполност не ги отстраниме сите терористички закани на нашата граница и сè додека 3,5 милиони сириски бегалци не можат безбедно да се вратат од Турција во Сирија. Ќе продолжиме да ги газиме терористите како што кажавме, не гледајќи дали има некој со нив“, порача Ердоган.-
- „Нацијата не може да има едно минато, но тоа не е така со народот“ -
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека изразите „нација“ и „народ“ немаат исто значење од модерен аспект.
„Нацијата не може да има едно минато, но тоа не е така со народот. Народите секогаш постојат во историски континуитет. Она што се менува е само областа на влијанието и доминацијата. Да се каже дека народот започнал со Републиката, значи да се игнорира и предаде турската историја од илјадници години, историјата на цивилизација од 1.400 години, како и игнорирање на нашето илјадагодишно постоење на нашата територија. Затоа што велиме? ‘Еден народ, едно знаме, една татковина, една држава’“, рече Ердоган.
- „Иванов го споменува како пример османлискиот систем - Милет"
Во својот говор, турскиот претседател Ердоган потсети дека претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов за време на неговите обраќања на конференции го спомнува османлискиот систем - Милет како пример.
„Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов за време на неговите конференции го спомнува османлискиот систем - Милет како пример велејќи: 'Земете го како пример османлискиот систем - Милет'" .
Ердоган истакна дека Иванов неколкупати се осврнал на оваа тема на работни вечери, и вели дека македонскиот претседател рекол оти тие се љубители на тоа.